Мегафон Традицијата продолжува...

„Полноќни огномети“”: Гала-концерт на Македонската филхармонија

„Полноќни огномети“”: Гала-концерт на Македонската филхармонија

Новогодишниот гала-концерт овој пат ќе понуди поинаква програма од вообичаената.

Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и дела од латино-американската музичка култура.

„Полноќни огномети“ е насловот на новогодишниот гала-концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на 28 декември (четврток) во голамата сала на Македонската филхармонија во 20 часот. По неколку години пауза, Македонската филхармонија конечно го враќа овој музички настан кој прерасна во традиционален и кој е привлечен и за пошироката пубика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност.

Новогодишниот гала-концерт овој пат ќе понуди поинаква програма од вообичаената. Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и дела од латино-американската музичка култура на автори како Пјацола и неговото „Адиос Нонино“, Монкајо со „Хуапанго“, Маркез со „Данцон бр.2“, Бизе со Арија на Ескамијо од операта „Кармен“, Пучини со aрија на Музета од операта „Боеми“, Гуно со aрија на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, Лара со „Гранада“ итн. Се разбира, неизбежни се валцерите „Пролетни звуци“, „Виенски бонбони“, „Виенска крв“, „На убавиот син Дунав“, или „Џокеј полка“, „Египетски марш“…

Концертот ќе го диригира славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел, а како солисти ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата – Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон.

To top