Пејачката Тејлор Свифт за магазинот „Ел“ откри детали од својот приватен живот и тоа дека научила многу за суштината на животот до својата 30-та година.
Во специјалното издание на магазинот таа меѓудругото, открива дека нејзината мајка со која посебно е приврзана, се бори со ракот и што таа тешка болест ги научила во семејството.
-Двајцата родители го преживуваат ракот, а мојата мајка повторно мора да води битка за живот, вели за познатиот магазин славната пејачка.
View this post on Instagram
Сепак, таа ситуација ја направила посилна.
-Научив дека тоа се реални проблеми. Ракот на мојата мајка е вистински проблем, изјавува Свифт.