Радио Милева

Ким Кардашијан на модна недела во стајлинг што за никого не треба да биде пример (фото)

Ким Кардашијан на модна недела во стајлинг што за никого не треба да биде пример (фото)

Поминаа три години од инцидентот во Париз кога Ким Кардашијан беше ограбена во хотелската соба, а сега реши повторно да се врати по повод модната недела во француската престолнина на модата.

Овој пат ги изненади сите со својот изглед во комбинација од леопардов принт од глава до пети. Познатите облини овој пат ги истакна во припиен комбинезон со капут во истиот принт, а парчињата се со потписот на Азедин Алаи, француски дизајнер кој светот го напушти во 2017 година на 77 годишна возраст.

фото:profimedia

Впечатливото и за многумина невкусното издание е пример како другите не треба тоа да го прават, а славната старлета изгледот го комплетираше со очила за сонце со ретро оквир.

фото:profimedia

Ваквиот стајлинг на Ким доби многу негативни коментари како од медиумите, така и на социјалните мрежи. Периодов не и оди со изборот на модните комбинации, па се почесто е мета на критики.

To top