По смртта на Дивна Карлеуша, мајката на Јелена Карлеуша, пејачката ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и некое време нема да биде дел од жирито на музичкото шоу.
На нејзиното место ќе седне пејчката Ивана Петерес која заедно со Јелена работеше со кандидатите.
Како што пренесува и „Хит информер“ и Марија Шерифовиќ најавила заминување од „Ѕвездите на Гранд“.
„Сите тие снимања во „Ѕвездите на Гранд“ ми се многу напорни и ова веќе е четврта сезона како сум во ова музчко шоу. Во следниот период имам други планови кои ќе придонесат помалку време да поминувам во Белград. Затоа не знам дали ќе можам да ги прилагодам обврските со снимањата“ изјави Марија и потоа додаде:
„Ќе разговарам со Поповиќ, па ќе видам што ќе биде“ изјавила пејачката.
Според пишувањата на медиумите, на местото на Марија ќе седне пејачката Мира Шкориќ.
Имено, во претходните сезони Шкориќ неколку пати заменуваше некој од членовите кој не можеше да присуствува, па така нема да и биде првпат да е во жири.