Радио Милева

Ивана Петерс се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: „Многу ми е жал, не сакам да сум тука“

Ивана Петерс се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: „Многу ми е жал, не сакам да сум тука“

Пејачката Јелена Карлеуша поради смртта на нејзината мајка Дивна Карлеуша, некое време нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

На нејзино место ќе биде Ивана Петерс, пејачката која заедно со Карлеуша работеше со кандидатите и нивното подготвување во следните кругови.

фото: Принтскрин/телеграф

Ивана денес се појави на снимањето на музичкото шоу и истакна дека и е многу жал и дека не сака да биде да тука.

„Бев кај неа, но немаше никој дома.Навистина, многу ми е жал, не би сакала да сум овде. Со оглед на тоа дека заедно работевме со кандидатите мене ми припадна должноста да наместо неа бидам во жири“ вели Петерс.

За потсетување, мајката на Јелена Карлеуша почина во недела (3 март) по тешко боледување.

To top