Македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски добија нова животна улога- станаа родители.
Убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти сестрата на Анастасија и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Сања, која се пофали дека станала тетка.
Бебенцето доби модерно име кое и го дадоа мама и тато, а одлуката била малата принцеза да се вика Андреа.
Инаку, целата бременост на пејачката помина без многу помпа околу покажувањето на трудничкото стомаче, па од пејачката не видовме ниту еден таков момент од нејзините труднички денови.
За потсетување, Анастасија и Владимир се свршија на почетокот од 2018 годината, односно во месец јануари додека беа на зимување во Бугарија.
Честитки!
фото:инсатграм/фејсбук