Популарната радио водителка и мајка на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша почина во неделата по тешко боледување.
Јелена тажните вести ги дознала на аеродром кога се враќала од странство.
Извор близок на семејството открива дека само неколку минути пред да почине Дивна разговарала со својата ќерка.
„Јелена тој ден беше расположена. Се слушна со Дивна преку телефон и разговараа за секојдневни работи кои се случуваа во нивна околина. Насмеани разговаара и за претходните настапи на Јелена. Интересно е што Дивна беше позитивна и насмеана, не можеше да се забележи умор во нејзиниот глас“ вели извор за „пинк.рс“ и додава:
„Разговараа неколку минути, а потоа бидејќи Јелена брзаше од настапот го прекина разговорот и се случи тоа што се случи. Никој не ни можеше да забележи каква трагедија ќе се случи“ вели изворот.
За потсетување, многу пријатели и колеги ја посетија Карлеуша во својот дом на Дедиње за да и изразат сочуство. Погребот на Дивна Карлеуша ќе биде утре.