Радио Милева

Жељко Самарџиќ направи трансформација до непрепознатливот, а еве кој македонски пејач се реши на истото (фото)

Жељко Самарџиќ направи трансформација до непрепознатливот, а еве кој македонски пејач се реши на истото (фото)

Долгите бради веќе неколку години се актуелен тренд кај мажите. На едни брзо им минува меракот, па по некое време ги бричат, но оние другите ги растат до таа мера што стануваат непрепознатливи во ликот.

Таков пример е српскиот пејач Жељко Самарџиќ кој драстично се промени, а многумина речиси и не го препознаваат се дедека не се идентификува.

фото:фејсбук/жељкосамарџиќ

Таков случај имаме и кај нас од познатите на македонската естрада. Момците од „Некст Тајм“, Тајзи, Мартин Мила, но од сите најдрастична разлика има кај охриѓанецот Ѓоко Танески.

фото:фејсбук/ѓокотанески

Неодамна го видовме на сцената на „Златна бубамара“, а и од фотографиите на социјалните мрежи може да се види дека Ѓоко е како нов.

фото:фејсбук/ѓокотанески

Мора да признаеме дека ваквиот изглед одлично му прилега, а штом подолго време го негува, веројатно и самиот си се допаднал и решил да остане доследен на трендот бидејќи брадата му е се поголема.

To top