Радио Милева поема за кралот...

На саботната Задушница на гробот на Шабан Шаулиќ осамна необично нешто (ФОТО)

На саботната Задушница на гробот на Шабан Шаулиќ осамна необично нешто (ФОТО)

Семејството, колегите и пријателите секојдневно го посетуваат местото каде што е погребан Шабан Шаулиќ – кралот на народната музика и големиот човек и пријател! Секојдневно доаѓаат и голем број луѓе од неговата огромна армија обожаватели, кои на веќното почивалиште палат свеќи, оставаат цвеќе, разни други предмети, дребулии и реликвии…

Две негови обожавателки сепак оставиле нешто многу необично, што толку многу потсетува на него и неговите песни. Имено, тие на гроботна Шабан оставиле стихови во рамка, кои се всушност песна составена од некои од стиховите на неговите песни.

„Шабан Шаулиќ, таков пејач се раѓа еднаш, и вака стихот се пее, кралот на нашите народни песни, најголемата легенда на сите времиња. Солзи ни потекоа, кога ја слушнавме веста, каде е сега тој боем и таа добричина, олицетворение на честа? Многу ни е жал што животот е зол, најдобар пејачу на нашето време,  легендо најголема, никогаш не прежалена.

„Ние сочувствуваме со Вашата болка, драги членови на семејството Шаулиќ“- стои на крајот од оваа песна.

To top