Саша Поповиќ донел одлука да го откаже снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ поради смртта на Дивна Карлеуша, мајката на Јелена Карлеуша која е дел од жирито.
Снимањата за оваа недела на музичкто шоу се откажени за оваа недела, а некое време Јелена нема да се појавува во медиумите, пренесува „Свет.рс“.
За да снимањата продолжат, Поповиќ ќе најде замена за пејачката кој наместо неа ќе биде во жирито и ќе се грижи за кандидатите чиј ментор е Јелена.
Дивна Карлеуша која почина вчера на 61 година ќе биде погребана во среда.