Актерот Џони Деп ја тужел за клевета својата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд од која тражи оштета од 50 милиони долари.
Деп ја тужел бившата сопруга поради списанието од 2018 година во кое се пишуваше за наводното злоупотребување на семејството.
Тој тврди дека обвинувањата се „комплицирана измама“.
Тужбата е поднесена во петок на 1ви март , а во неа пишува дека иако во списанието не е спомнато името на Деп, се мисли на него и неговото злоупотребување на семејството.
Актерот тврди дека Амбер ги поминала границите.
„Деп никогаш не ја малтретираше Херд. Нејзините обвинувања од 2016 година не се точни“ наводно пишува во тужбата. Исто така е нагласено дека поради списанието актерот трпел финасиска загуба од филмот и отфрлување од серијата „Пиратите од Кариби“.
Актерот во тужбата исто така навел дека за време на бракот Амбер започнала врска со сопственикот на „Тесла“ со кого се гледала во доцните вечерни часови.
Амбер во мај 2016 година побара развод од актерот наведувајќи дека физички и психички ја малтеретирал во текот на целиот брак.