Пејачката Тијана Дапчевиќ постојано е на релација Белград – Скопје, па своето време го поминува или во работни обврски или пак со најмилите.
До неодамна имавме прилика да ја гледаме во улогата на Ула во „Преспав“, а доби и улога во еден белградски театар.
Пејачка, актерка, водителка, се талентите кои може да се препишат на Дапчевиќ, а во сите нив одлично се снаоѓа.
А дали нејзиниот син го наследил талентот од мама или тато?Во една прилика, Тијана истакна дека нејзиниот син има дарба за глума, но дека многу се срами.
Меѓутоа, деновиве пејачката се пофали дека Вук е фан на спортот и тоа кошарката.
На својот „Инстаграм“, пејачката објави видео на кое нејзиниот син зборува колку му е важно да се занимава со спорт.
„Кога давам кош, тогаш се чувствувам слободно“ вели Вук во интервјуто.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
“Kad dajem koševe tada se osećam slobodno”❤️❤️❤️❤️???????? majkino čudo?
Веруваме дека Дапчевиќ е горда на талентот и успесите на својот син, а дали ќе тргне по стапките на мама или тато останува да видиме.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
За потсетување, Тијана е во брак со Милан Дапчевиќ, а на почетокот на годината истакна дека сака да стане мајка по вторпат.