Радио Милева

(ФОТО) Даниел Кајмакоски и сопругата покажаа колку се богати!

(ФОТО) Даниел Кајмакоски и сопругата покажаа колку се богати!

-Не си богат се додека немаш нешто кое не се купува со пари, вака поп-пејачот Даниел Кајмакоски ја опиша својата најнова новогодишна фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил.

Оваа 2017 година му ја донесе најголемата радост на пејачот и неговата сопруга Кристина, кои кон крајот на месец февруари ја добија најубавата улога во животот – станаа родители.

Она што толку многу си го посакуваше, му се оствари на Даниел кој го доби својот наследник Давид и ја заокружи својата среќа.

Оваа Нова година покрај елката го имаат најубавиот подарок од Бога со кој горделиво им го покажаа на сите. Како што е редот,  како и голем број семејства со малечки дечиња, така и Даниел и Кристина седнаа покрај божиќното дрво, насмеани и преполни со радост во себе, држејќи го во рацете своето најголемо богатство.

Покрај ваква неизмерна среќа, може само да си посакаат здравје за себе и своето малечко.

 

To top