Откако „го решија“ името, партнерите 1 и 2… сосе останатите од владеачката коалиција заедно со граѓанските приврзоци, тргнаа да ги решаваат и другите важни прашања во државата, преку закони. Еден од „најважните“ закони за нив да ти бил законот за заштита од дискриминација. Така уште во средината на март за прв пат ќе сме добиеле закон за заштита од новиот облик на дискриминација, таканаречаната сегрегација.
Најдискриминирани во нашава Македонија да ти биле оние од ЛГБТ популацијата. А да ги прашаш што тоа им е забрането: да учат, да студираат, да работат, да спортуваат, културно да се издигнуваат, да веруваат, рекреираат, забавуваат, да водат љубов…? И уште на илјада и едно ШТО? – немаат одговор! Освен еден: дека се по дифолт дискриминирани! Ок, се! Зашто не можат да раѓаат! Ама како да им објасниш дека тој закон е Божји, а не собраниски?
А брак? А пред матичар да застанат? И дете да усвојат? Тоа се тезите и барањата за нивната наводна „дискриминација“. А, повторно не сфаќаат или само така им чини, дека она што Бог не го озаконил, ниту еден закон не може да ти го компензира!
Затоа веста дека во Србија ќе се избрише „мама и тато“ а ќе се воведе нов закон за Родител 1 и Родител 2, ги вознемири и разбранува духовите и во Македонија. Зашто таков закон, под називот „Закон за спречување и заштита од дискриминација се“, подготвува и кај нас, па под плаштот на наводната дискриминација на мала група… знаете веќе што, ќе треба да прифатиме да бидеме дискриминирани сите ние останати од мнозинството. Чист полов апартхејд!
Сексуалната ориентација и родовиот идентитет божем сега се предмет на дискриминација, а со законот за сегрегација скроен по мерка на нивното га*е, демек нема да бидат. Ама затоа дискриминирани ќе бидеме сите ние што сме „стрејт“!
И наместо тато и мама ќе бидеме родител 1 и родител 2? А во учебниците ќе озваничиме дека мажот не ги прави, а жената не ги раѓа, туку штркот ги носи децата како „нулти родител“? Или што би рекле „родоносец“! Па сите едвај ќе го чекаме да се врати од југ, а во меѓувреме родителот 1 ќе има секс со родителот 2 само заради обострано задоволство, а врстата ќе ни ја продолжува…? Е кој де? Имаат ли на тоа прашање одговор „дискриминираните законобаратели“ како и „законодавците“ од партнерската 1 и 2 коалиција?
И кој тоа ќе биде Родител 1, а кој Родител 2? Мажот или жената? И како тоа практично ќе изгледа и звучи?
„Сине оди кај број 2 и кажи му дека број 1 ќе му ја… растури бројката“!?
Родител — оној кој родил односно обезбедил потомство. Машките и женските единки се парат и раѓаат потомство, со што машкиот родител станува татко, а женскиот родител станува мајка. Така пишува во литературата.
Така беше до сега. Ако прифатиме да бидеме законски дискриминирани наместо божем дискриминираните, од човечки единки ќе станаме само… бројка! Родител 1 или 2… А, всушност, само една голема нула!