Поп-пејачката Александра Јанева има нова песна и видео за неа насловена „Срце отвори“.
По успехот на минатогодишниот хит „Еуфорија“ отпеан во дует со колешката Наташа Малинкова и соло синглот кој излезе пред него насловен „Ќе се вратам некој ден“, Александра ја продолжува соработката со истиот тим. Така, и овој пат автори на новото музичко остварување на Јанева се Панче Илиев и Иле Спасев, кој ги потпишува и аранжманот и продукцијата на песната, додека стиховите се исто така одново авторско дело на познатиот текстописец Огнен Неделковски.
„Срце отвори е песна за сите нас кои секој ден се трудиме да се допаднеме некому, а сè што треба е искрено да се отвориме за да доживееме љубов, влезени во свој филм“ – ќе изјави Јанева промовирајќи ја новата песна.
Едноставното видео со лирик моменти од текстот на песната го потпишува Пеце Здравковски, додека зад камерата стоел Ѓорѓи Вацев, видео продуцирано од „Пинестел продукција“. За изгледот на пејачката пак се погрижила стилистката Милена Танаскоска, акако сето тоа спакувано звучи и изгледа кога Александра Јанева ќе побара од него „Срце (да) отвори“, проследете во продолжение.