Радио Милева нова секс афера или „fake news“?

Јелена Карлеуша има нов љубовник?! (ФОТО)

Јелена Карлеуша има нов љубовник?! (ФОТО)

Иако се’ уште сосема не слегнала прашината од секс аферата на Јелена Карлеуша со фудбалерот Огнен Врањеш и истата не ја добила својата разрешница до крај,  срспките медиуми објавија нова бомба! Имено, според нивните пишувања, изгледа дека српската пејачка има нов љубовник!?

Овој пат не се работи за фудбалер туку за бизнисмен кој живее во Германија. Јелена се’ почесто настапува токму  и секој слободен момент наводно го користи за да се види со новата љубов.

Бизнисменот живее во Берлин и е оженет, но тоа не му пречи да биде во врска со една од најконтроверзните пејачки на Балканот.

На настапот во Берлин каде пеела на 9-ти февруари, бизнисменот бил во дискотеката во која Јелена настапила, а по настапот заминала со него дома, во еден од неговите станови. Преспале кај него, а утрината со првиот авион се вратила за Србија.

Слична ситуацијата била и изминатиот викенд, кога карлеуша настапувала во Диселдорф. таа се договорила со својот швалер тој да мине пат од речиси 600 километри и да дојде на нејзиниот настап, за да ја минат ноќта по настапот заедно – пишува независниот дневен весник Информер.

Иако бракот и е сериозно разнишан, по се’ изгледа Карлеуша не се откажува од своите секс авантури, само што сега е многу повнимателна.

„Јелена се изгоре со Огњен, па сега се труди новата шема да ја држи што подалеку од очите на јавноста и својот сопруг Душко. само на неколку најблиски пријатели им се доверила дека има нов љубовник“ – заклучуванаводно доброинформиран извор за Информер.

 

To top