Во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ важат нови правила. Имено, секој кандидат има ментор кој ги подготвува кандидатите за следниот круг.
Стефан Величковски за ментор ја одбра Вики Миљковиќ. Така тие претходниот период се подготвуваа за вториот круг, а Величковски ги освои сите шест гласови и помина директно во третиот круг.
Меѓутоа, деновиве Величковски повторно беше во студиото кај Вики каде се подготвуваа за третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“.
На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од Стефан и неговиот ментор.
Крајниот резултат ќе имаме прилика да го видиме во некоја од следните емисии.
Каков ученик бил Стефан, а каква професорка е Вики останува да видиме.
фото: принтскрин/инстаграм