Во изданието „Мода“ со Сергеј Варошлија добро ни е познато дека може да слушнеме разни модни критики, совети, мислења како за познатите од македонската јавна сцена, така и за ѕвездите од регионална и светска сцена.
Во последната емисија, тој ги коментираше модните комбинации на 91 издание на „Оскарите“ и имаше пофални зборови за присутните на црвениот килим.
Исто така истакна дека имало и модни катастрофи.
Кога станува збор пак за домашна сцена, пред некој ден се одржа „Златна Бубамара“, на која присуствуваа македонските јавни личности.
По тој повод, познатите кои се појавија на ова случување се најдоа во емисијата кај Сергеј и ги прокоментира нивните модни комбинации.
Прв беше актерот и водителот на „Златна Бубамара“, Сашко Коцев.
„Сашко изгледа супер, одличен смокинг, одлично е стилизиран.Секогаш е харизматичен, многу е забавен. Меѓутоа, како да приметив и на Сашко Коцев годинава му беше досадно“ вели Варошлија.
Ги прокоментира и Дупер.
„Дупер дефинитивно се нешто што е од 21 век.Одлично стилизирани со една млада енергија“ вели модниот критичар.
Пофални зборови за својот стајлинг добија и Антониа Гиговкса и Александар Тарабунов.
„Тарабунов изгледа супер во црно одело, Антониа соодветно на своите години. Многу слатка фотографија“ изјави Варошлија.
Под модното око се најде и Влатко Лозановски.
„Изгледа океј. Има бела мајца, светло сако, бели патики, еден минимален стајлинг. Океј е“ прокоментира Сергеј.
Тоа беа само дел од јавните личности за кои Варошлија упати критики, а целото издание може да го погледнете во видеото подолу.