Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Елена Миленковска од Скопје.
Откако во првиот круг доби неколку критики и Ана Бекута прифати да и биде ментор истакнувајќи дека ќе и биде предизвик.
Очигледно дека Бекута била добра професрока, а Миленковска добра ученичка.
Во саботното издание таа се претстави со две песни со што ги доби сите шест гласови и овој пат за разлика од претходно сите ги остави без зборови.
Во текот на првата изведба „Како после нас“, Јелена едвај ги задржа солзите, а имаше и пофални зборови за нејзината дикција.
По емитувањето на емисијата, Миленковска присуствуваше на снимањето на „Ѕвезде Гранда специјал“ каде што гост беше и Дарко Лазиќ.
Ова беше прво негово појавување на „Гранд“, а Елена ја искористи приликата и го овековечи овој момент со заедничка фотографија.
Фотографијата со Лазиќ, Миленковска ја објави на социјалните мрежи.
Како Елена ќе се претстави во третит круг и дали ќе го повтори успехот останува да видиме.
https://www.youtube.com/watch?v=9FhrPQJkBUg&t=6586s