Малку по малку и кај нас почна да станува традиција познатите и јавни фаци да бидат заштитни лица или таканаречени бренд амбасадори на еден или повеќе различни брендови. Лила, Марјана – Лото, Лоба… а по нив и таа реши да си проба… и успеа!
Македонската поп пејачка Симона Попоска како и споменатите, уште од лани е употребливо лице за маркетинг кампањи, па таквото искуство не и е ново. Затоа згодната и распеана лекарка, додека специјализира, односно учи да лечи, не престанува да пее, секси изгледа ама од неодамна и поразлично мириса. На нов парфем, секако!
А кога сме веќе кај секси изгледот, по Викторија Лоба и Симона реши да си проба. За разлика од долната облека на Лоба која веднаш се гледа на приложеното, парфемот на Симона можеби и не можете веднаш да го почувствуваме на нејзиното тело, ама затоа истотото тоа тело можете и тоа како да го видите со целиот нејзин сексапил во најновото рекламно видео токму на брендот кој го претставува и рекламира.
Сте слушнале како пее, допрва ќе дознаеме како лечи, а од неодамна Симона Попоска и поинаку мириса… Погледнете ја згодната докторка во новото рекламно видео и уживајте во нејзиниот сексапил… за да го почувствувате нејзиниот мирис, сепак ќе морате да го набавите нејзиниот парфем!