Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ во недела почина во страшна сообраќјна несреќа во Германија.
Имено, пејачот тргнал на аеродром за да се врати дома, кога во автомиболот удрил друг автомобил.
Шабан во својот автомобил бил со кумот и својот музичар кој исто така почина.
Веднаш по вестите за смртта, неговите деца Санела и Михајло заминаа во Германија за да го донесат телото на пејачот.
Сношти на аеродромот „Никола Тесла“ со авионот на Владата на Република Србија беше донесено телото на кралот на народната музика.
Погребалните услуги го пренесоа телото од аеродромот на Нове гробје.
Телото на пејачот ќе биде во капела денес до 15 часот кога ќе биде погребен.