Радио Милева

По фамозната анкета за непостоечката манекенка, Светлана Црнокрак со коментар до фолкерката Сани

По фамозната анкета за непостоечката манекенка, Светлана Црнокрак со коментар до фолкерката Сани

По анкетата на ТВ емисијата „Ексклузив“  за непостоечката манекенка Бјанка Мизел, во која неколку манекенки и пејачите Јоце Панов, Симона Поповска и Сани Гроздановска, кажаа дека ја познаваат и ја следат нејзината работа, изби галама на социјалните мрежи.

Иако сите на прашањето дали ја познаваат манекенката одговорија потврдно, најдебелиот крај го извлече фолк пејачката Сани Гроздановска, за која на социјалните мрежи беа напишани доста негативни и навредливи коментари.

Симона Поповска и Јоце Панов, по објавената снимка, овој пат мудро си молчеа, а пак Сани не додржа без да возврати и напиша статус до „хејтерите“.

Колки биле желни луѓето за исмејување и фаќање сеир… Затоа и сме бедна држава и тонеме секој ден!!! Секое чудо за три дена! Тие што не ме познаваа, ме дознаа! Добредојдовте во шоу-бизнисот! П.с споделувајте го постот повеќепати  ве молам, пишува на својот Фејсбук пејачката.

На ваквиот коментар и возврати сопственичката на модното студио „Црнокрак“ и ТВ презентерка на „Алфа“, Светлана Црнокрак која напиша:

Во секој случај паметно изигра и ти и сите, ја поддржа Светлана пејачка Сани.

 

Инаку, по фамата како и вообичаено, Сани се пофали дека добила нови 690 следбеници за само еден час, со што уште еднаш се докажа дека лошата реклама е добра реклама.

За потсетување, овој тип на лажни прашања во анкетка, не се некој новитет. Токму  на Миланската модна недела во 2014 година, српската модна блогерка Зорана падна на трикот, а по истиот стана многу попозната во регионот, а најмногу за српската јавност. Денес, таа е една од медиумски најтретираните ликови од светот на српскиот шоу-бизнис.

To top