Сека Алексиќ неодамна ја претстави својата нова песна „Закуни се у ку*ву. Нејзините фанови тврдат дека тоа е нејзиниот нов хит.
Пејчката за „Блиц.рс“ откри зошто не сакала да пее таква песна.
„Моите песни не се посветени.Никогаш не пеам за некој конкретно. Што се однесува до новата песна, не сакав да пеам на таа тема, но кога песната беше завршена ме убеди текстописецот Саша Лазиќ“ вели Сека.
Алексиќ неодамна беше во центарот на вниманието поради жестоките критики за изгледот на нејзиниот сопруг.
„Генерално ги заштитувам луѓето кои ги сакам. Што се однесува до мојот сопруг, навистина има многу коментари за неговиот изглед – фризурата и брадата. Навистина не ги разбирам луѓето кои ќе дојдат на некоја социјална мрежа и ќе напишат како некој треба се шиша. Луѓето треба да сфатат дека секој си има свој стил и ако на него му се допаѓа треба да почитуваме, а не да му кажеме што треба да прави. Кога луѓето би се занимавале со своите животи,нема да имаат време да ги коментираат туѓите“ вели пејачката и додава:
„Со задоволство ќе им вратам на сите и така ќе биде секогаш. Не само што ги заштитувам, туку не можам да сфатам до каде иде човековата глупост“ вели Алексиќ.
Сека и Вељко заедно го имаат синот Јакоб.