Гоца Шаулиќ со децата Михајло, Санела и Илда минува низ пекол поради смртта на нејзиниот сопруг, но над сето тоа, таа ќе мора даврати и 235.000 евра земени како капар за веќе договорни настапи, кои Шабан ги имал закажано речиси до крајот на годината.
Вдовицата на Шабан, која беше и негов менаџер, земала однапред 50 отсто од секој договорн настап, а некогаш дури и целата сума.
„Таа се грижеше за финансиите и за тоа колку пари се земаат за кој настап. Се разбира, цената била поинаква кога Шабан треба да пее во клуб, во дискотека, на плоштад или приватна забава. Тој беше еден од најпопуларните пејачи и неговата цена се движеше од 10.000 до 30.000 евра по настап. Понекогаш пеел и за гарантиран бакшиш, така што цената можела да достигне и до 50.000 евра по настап, во зависност од локацијата и видот на прославата. Сепак, последниве години, тој ги намалил тезгите и ја фиксирал цената, а парите завршувале кај Гоца, бидејќи тоа било желба Шабан. Таа го земала целиот износ ако датумот на настапот бил близу, а ако бил далеку, тогаш барала половина од цената за хонорарот како капар“ – појаснува добро информиран извор за српски Курир.
Тој вели дека вдовицата на Шаулиќ ќе ги врати сите пари кои ги земала како капар за настапите што биле договорени се до есен, што е сума од околу 235.000 евра.
„Гоца никогаш нема да дозволи неком да му должи. Таа секогаш се грижеше сè за да биде испочитувано, а сега никако не би сакала да остане дамка на името на нејзиниот сопруг, особено не заради паричен долг. Затоа одлучила дека кога ќе поминат погребот и најтешките моменти, да контактира со луѓето од кои таа го зела авансот за да им ги врати парите. Инаку, ова е пракса на многу пејачи, да земаат пари и неколку месеци пред да настапот, се’ со цел да се обезбедат. И тие, но исто така и газдите. Во последниве години, Гоца го намали бројот на настапи на Шабан на еден неделно, додека порано тој настапувал и по три пати неделно“ – го завршува изворот.