Промотер

Последната експедиција се врати… Last Expedition – „Хеј хо“ (ВИДЕО)

Последната експедиција се врати… Last Expedition – „Хеј хо“ (ВИДЕО)

По повеќе од две децении, членовите на една од култните македонски рок групи, „Ласт eкспедишн“ објавија нова песна.

Дека ќе има нешто ново, групата во текот на денот најави на својата страница на Фејсбук, за потоа на Јутјуб да го објави спотот за песната „Хеј хо“ (Hey Ho), за која музиката и текстот ги напиша фронтменот и главен вокал на бендот, Енес Хаџиќ-Енко.

Аранжманот е колективно дело на членовите на групата, додека снимањето, миксот и мастерингот на песната ги потпишува Мите Димовски, во чие музичко студио „Тра Ла Ла“ и е реализирана снимката. Тоа е прва оригинална песна на бендот од објавувањето на нивниот трет албум „Бокс“, уште во далечната 1997 година.

Едноставното , но ефектно видео на песната го потпишуваат Дарко Антоновски како режисер и монтажер на истото, додека зад камерата бил Горан Наумовски.

Инаку, „Ласт експедишн“, кои се прославија во првата половина од 90-ите години на минатиот век, неколку пати ги најавуваа своите последни настапи како проштални, но потоа одново продолжуваа да бидат присутни на домашната музичка сцена, на која за среќа и радост на обожавателите се’ уште егзистираат создавајќи нови музички остварувања како што е и оваа нова песна, која можете да ја проследите во продолжение.

 

To top