Ким Кардашијан се појави на доделувањето на наградите „ Hollywood Beauty “ каде се појави во најпровокативното издание досега.
Таа се појави во долг црн фустан кој повеќе ги откриваше отколку ги покриваше облините.
Во долг црн фустан со отворено доколте и висок шлиц до колената предизвика лавина од коментари.
Овој фустан од 1998 година е дело на познатиот дизајнер Муглера.
„Зарем не изгледаме како да идеме на матурска вечер?“, напиша ѕвездата во описот на фотографијата.
„Ова е нешто од колекцијата од 1998 година која посакав да ја носам“ додаде Ким.
„Го почитувам својот тим и многу ми значат. Запознав луѓе кои ми станаа блиски пријатели“ изјави Кардашијан на прославата.