Радио Милева

Почина и клавијатуристот: Не трабало да свири на кобната вечер – Шабан го молел да настапи

Почина и клавијатуристот: Не трабало да свири на кобната вечер – Шабан го молел да настапи

Музичарот Мирсад Кериќ, кој ја доживеа тешката сообраќајна несреќа со Шабан Шаулиќ – почина, пренесуваат српските медиуми. Тој ја изгубил битката за живот вчера во попладневните часови во болницата каде бил примен по несреќата.

И покрај сите напори на лекарите да го спасат, тој го загуби животот. Тој зад себе ги остави двата сина, ќерката и сопругата Ружица Кериќ, која до последен момент верувала дека нејзиниот сопруг ќе преживее.

Таа во разговор за српски Курир открива дека нејзиниот сопруг не требало да биде со Шабан на настап, но сепак не можел да го одбие својот голем пријател.

фото:курир.рс

-Мирсад 17 години работеше со шабан, се дружеа, беа блиски. Шабан имаше многу доверба во мојот сопруг. Мирсад не требаше овој викенд да оди на настап, туку да оди во Кобенц, бидејќи татко му е во кома веќе десет дена. Меѓутоа, Шабан го замоли да оди со него на настап, само него му веруваше. Нажалост, по концертот се случи страшната несреќа. Како што слушнавте, Мирсад не е виновен за сообраќајката, тој пијан човек ги удрил одзади, многу брзо возел. Тоа ми го кажаа од полицијата како официјален извештај за несреќата, кажува потресената Ружица.

Неутешната сопруга на музичарот раскажува како изгледала борбата за живот на сега нејзиниот покоен сопруг, кој беше зад воланот на „Сеат Ибицата“ во која удри пијаниот возач на „Мазда“, кој притоа немал ниту возачка дозвола.

фото:курир.рс

-Мојот сопруг од саниот прием беше во тешка состојба. Нон-стоп бев во контакт со лекарите, ми јавуваа за секоја промена, го следеа постојано. Првата вечер бев до доцна во болницата, тогаш состојбата беше малку подобра. Ги прашав лекарите дали има уште некои тешки повреди, внатрешно крварење, ми кажаа само дека главата е повредена. Сите се надевавме дека ќе се извлече. Вчера му правеа тестови за рефлекси за да видат дали тоа е во ред – вели низ солзи сопругата на клавијатуристот.

извор:курир.рс

 

 

To top