Оваа година Изборот за најдобра песна на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, Израел.
Македонски претставник на годинешното издание на „Евровизија“ ќе биде Тамара Тодевска која ќе не претстави со песната „Proud“ на авторскиот тим Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Тодевска се уште ја нема претставено песната, но заедно со својот тим вредно работи и веруваме дека наскоро ќе ја објави.
По повод нејзиниот настап на „Еврововизија“; Тодевска се огласи на својот „Фесјбук“ истакнувајќи дека за неа „Евровизија“ не е да победи или да биде во првите 10, туку нешто повеќе од тоа.
Пред еден месец, кога добив покана да ја претставувам мојата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив (покрај моето ентузијастично и радосно ,,Да!”), првото нешто што ми падна на ум беше: „Која ќе биде целта на моето учество на натпреварот? Што е тоа што сакам да го кажам? Што е тоа што сакам да го споделам со светот?“
За мене учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите 10 или да се победи. Евровизија за мене отсекогаш била многу повеќе од тоа.
За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото кадешто да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси.
Јас сум мајка на две деца, имам тригодишна ќерка и тримесечен син. Знам дека звучи како клише, но тие навистина го променија мојот живот и јас како мајка и како родител чувствувам дека е моја и наша обврска да донесеме позитивни промени во животите на нашите деца.
Целиот мој живот ми кажуваа дека не се однесувам женствено, дека не сум доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко. Наведни ја главата, облечи нешто секси и на никој нема да му биде гајле што зборуваш, ми велеа. За нив јас бев само уште една изгубена девојка.
Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа.
Таа исто така истакна дека на 16ти мај ќе во чест на нејзината ќерка Хана и за сите оние на кои им било кажено да ги наведнат главите и да ги следат правилата.
фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска
Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А!
СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри!
Се гледаме во Тел Авив
фото: притнсркин/инстаграм
За потсетување, во 2008 година, Тамара заедно со Врчак и Адријан Гаџа ја претставуваше Македонија на Евровозија во Белград, во 2004 година беше придружен вокал на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 придружен вокал на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ во Данска.