„Воздишка“ е новото видео на Викторија Лоба кој се промовираше премиерно на нејзиниот Youtube канал, снимен на познатата вулканска плажа White Beach на еден од најубавите грчки острови, Санторини. Автор и музички продуцент на песната е Маргарита Сотировска, попозната како Марга Сол, додека самата Лоба се јавува во улогата на текстописец.
„За да се сними спотот, заедно со целата екипа специјално чекавме времето да биде ветровито и облачно, за да го доловиме контрастот на невремето со емоцијата која ја пренесувам преку Воздишка“ – вели Викторија Лоба по повод медиумската премиера на видеото.
Инаку, видеото е продуцирано и режирано од Дарко Митев – Аргона, стајлингот е дел од брендот на креаторот Андреј Ѓоргиевски – Папаз.
„Воздишка е напишана во еден здив, која е дел од новиот албум Нов свет. Во албумот изборот на песните креирани од Лоба и соработниците се музички парчиња кои долго време ќе се слушаат. Еве што вели за нив Викторија:
“Една од моите цели како артист и индивидуа која постојано вложува во себе, сакам да инспирирам и да бидам инспирирана. Сакам да ја споделам длабочината на моите чувства директно со публиката.
Како и секогаш имам желба да сум отворена и искрена во тоа што го работам, да ги потсетам луѓето на оние едноставни и мали нешта, кои всушност се толку големи, важни и значајни во нашиот живот како што е љубовта и искрената комуникација меѓу нас” – заклучува Лоба споделувајќи ја својата „Воздишка“ со Вас, преку видеото што можете да го погледнете во продолжение.