Радио Милева кога кралот плаче...

Милиони плачеа на неговите песни, а само ова момче успеа да го расплаче кралот Шабан (ВИДЕО)

Милиони плачеа на неговите песни, а само ова момче успеа да го расплаче кралот Шабан (ВИДЕО)

Легендарниот пејач на народна музика, Шабан Шаулиќ, кој вчера загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија, се сметаше за суров професионалец, но во суштина беше и голем емотивец.

Секогаш кога запеал, влегувал со секој свој стих под кожа, со својата изведба во срце и душа. Милиони плачеа на неговите песни. Но, ретко кој видел како изгледа кога Шабан ќе заплаче.. Кога кралот на народната музика го допира нечија песна, кога ќе заигра и неговото срце, кога нечиј глас прави да затрепери неговиот… Толку многу што му навираат солзи на очи.

Токму тоа се случи пред речиси четири години кога големиот Шабан Шаулиќ седеше во жирито на „Ѕвездите на Гранд “.

Младиот натпреварувач Елвин Чавкиќ излезе на сцената и почна да пее, а потоа она што се случи малку кој го очекуваше. Големиот Шабан Шаулиќ не можеше да задржи солзите, ниту пак да ги сокрие од камерите.

Ова е видеото кое го овековечи тој момент, а истото е видено повеќе од 6 милиони пати досега.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=97&v=iUI1VIkz_94

To top