Радио Милева жал за кралот...

Во знак на почит кон Шабан, „Гранд“ го одложи емитувањето на синоќешната емисија

Во знак на почит кон Шабан, „Гранд“ го одложи емитувањето на синоќешната емисија

Веста за смртта на Шабан Шаулиќ ја шокираше целата јавност, а голем број пејачи и пејачки со со потресни пораки се простија од него на социјалните мрежи.

Ниту колегите од „Ѕвездите на Гранд“ со кои Шаулиќ едно време беше во жирито, не го поднесоа лесно неговото заминување, а како знак на почит, продукцијата одлучи  вчерашното емитување на музичкиот натпревар да биде одложено, односно емисијата  да не ја емитува.


„Како знак на почит и љубов кон Шабан Шаулиќ, кој  трагично го изгуби својот живот ова утро, нема да го емитуваме шоуто “Звезда Гранда Специјал”. Бидејќи тоа е забавно шоу, сметаме дека тоа е несоодветно во овој,  за сите нас емиотивен и тежок момент“ – се вели во соопштението за продукција на социјални мрежи.

Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во Алеја за заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, но ќе живее засекогаш преку своите дела.

To top