Од згодната девојка во „Американска пита“ остана само бледа копија.
Актерката Тара Рид веќе неколку години се бори со медиумските натписи за својот изменет, чуден и исцрпен изглед. Тара драстично се изменила од времето кога глумела во „Американска пита“. Била тогаш згодна, здрава млада девојка која стекна многу обожаватели ширум светот.
Се тргнало наопаку кога Тара решила да ги зголеми градите, а потоа да оди на липосукција. Операцијата тргнала на лошо, а од неа никогаш во потполност не се опоравила. Синоќа е фотографирана пред еден ресторан во Холивуд, а нејзиниот исцрпен изглед ги загрижил сите.
Иако нејзиниот изглед драстично се сменил, таа смета дека нема проблем со анорексија, туку се работи за тоа дека е ситна девојка. Вака некогаш изгледала Тара.