Се ближи Нова година, а луѓето ширум светот на големо ги украсуваат своите елки.
Актерката Лидија Вукиќевиќ и овој пат се потруди нејзиниот дом да изгледа совршено за празниците – како од бајка.
Таа на Инстаграм, како и повеќето покажа како изгледа нејзиното Божиќно дрво кое е магично украсено.
-Направи го својот дом среќен и ќе бидеш среќен, бидејќи кој сака да ги развесели луѓето мора во себе да има радост. Тие кои носат светлост во туѓите животи, никогаш не одат во мрак, напиша Лидија во описот на фотографијата.
Лајкови имаше безброј, а Лидија доби пофалби дека е одлична за декорација.