Промотер

Новата песна на Слаткаристика „Money Маани“ како „soundtrack“ за филм (ВИДЕО)

Новата песна на Слаткаристика „Money Маани“ како „soundtrack“ за филм (ВИДЕО)
Македонскиот Хип Хоп артист Слаткаристика кој продолжува  да го освојува Бугарскиот музички пазар, деновиве го објави неговиот нов видео запис и песна со наслов “Money / Маани”.
Песната е Soundtrack, наменски изработена за потребите на “Привличане”/“Attraction“ – Бугарски, високо буџетен филм, во кој освен што ја направи носечко-музичката песна, нашиот Слаткаристика глуми и во неколку сцени од филмот.

Автор на музиката и текстот е Слаткаристика, а аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo.
Видео спотот изобилува со сцени од филмот, а е изработен од режисерот кој се потпишува исто и на самиот филм- Мартин Макариев, познат по најдобрата ТВ Бугарска серија “Под Прикритие“.
Премиерата на филмот е закажана за февруари, 2018та година.Следен настап на Слаткаристика во соседна Бугарија е последниот концерт од големата “One Love“ турнеја, на 5ти ноември, во Софија, а почетокот на 2018-та ја започнува со концерти во Банско.
Во продолжение погледнете го новото дело на Слаткаристика:

To top