Познатата фолк пејачка им покажа на своите следбеници на Инстаграм како го украси домот каде живее заедно со сопругот и синот, а по објавувањето, коментарите стигнуваат од сите страни.
Сека Алексиќ(36) сподели фотографии од кои може да видиме како ја накитила елката и останатите детали околу неа, а во прв план е нејзиниот наследник.
Малиот Јаков одушевено ги разгледува играчките околу себе, а евидентно е дека пејачката и нејзиниот сопруг доста се потрудиле за декорацијата.
-Празниците се ближат, напиша таа во описот на фотографиите, кои многу им се допаднаа на следбениците.
„Може ли да биде поубаво“, гласи еден од ласкавите коментари за приложеното.