Популарната пејачка Јелена Костов секој слободен момент го користи за да го помине со своето семејство.
Сопругот Миљан Вуљковиќ и синот Милија се центарот на нејзиното внимание, а неодамна имаа голем повод да слават.
Имено, нејзиниот наследник наполни две години, а парот направи гламурозна прослава.
Јелена за таа прилика објави фотографија од својот син и после две години за прв пат го покажа.
„Би се обидела со зборови да ја опишам оваа љубов, но за таа не постојат зборови. Момче мое мало, нека те чува Господ“ напиша Костов.
View this post on Instagram
Нејзините следбеници и упатија многу комплименти и го честитаа роденденот на нејзиниот син.