По еден месечен одмор, Лепа Брена заедно со семејството се врати во Србија, па пејачката проговори за Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кои го очекуваат првото дете.
„Александра е супер, тоа е нешто најубаво што очекуваме да се случи оваа година“ вели Брена и додава:
„Ние се им препуштаме на родителите, тоа ќе ни биде прво внуче. Ќерката на мојата сестра има две деца, а тие ми недостигаат и секој пат кога зборувам за нив ми кренува солза. Целата љубов ќе биде концентрирана на бебето на Александра и Филип. Мислам дека јас сум во предност бидејќи сум поблиску, на Бежаниска коса. Можеби малку повеќе ќе им чукам на врата“ вели пејачката.
За потсетување, Пријовиќ треба наскоро да се породи, а за име на синот го одбра Александар.
Како што неодамна пишуваа српските медиуми, мајката на Александра ќе се всели кај неа дома за да и помага по породувањето.