Радио Милева

Откриени нови детали од писмото кое Меган Маркл го пратила на нејзиниот татко

Откриени нови детали од писмото кое Меган Маркл го пратила на нејзиниот татко

„Ако ме сакаш како што им велиш на новинарите, те молам престани. Пушти ни да го живееме животот во мир“ порача Меган Маркл на нејзиниот татко.

Иако војвотката откако се омажи со принцот Хари се труди да има нормален однос со нејзиниот татко, сепак до тоа не дојде, а сега се појавија нови детали од писмото кое Меган Маркл му го пратила на својот татко.

„Твоите дела ми го скршија срцето на илјада делови. И не само затоа што ми создаде непотребна болка, туку затоа што и зборуваш лаги. Тоа е нешто што никогаш нема да го сфатам“ напиша Меган.

FOTO: PROFIMEDIA / RAS SRBIJA

 

Потоа ги набројала сите лаги кои ги кажал за да добие медиумско внимание.

„Хари и јас ти понудивме помош откако доби два срцеви удари и кажа дека не можеш да дојдеш на венчавката. Не е точно дека не се обидов да те контактирам, ти ме одби кога сакав да разговарам со тебе“ објаснила Меган.

To top