Радио Милева

Вики Миљковиќ се фати за глава: Марина Тошиќ направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Вики Миљковиќ се фати за глава: Марина Тошиќ направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и 25 – годишната Марина Тошиќ од Бугарија.

Таа се претстави со песните „Све још мирише на њу“ од Парни ваљак и „Мали сигнали“ од Наташа Беквалац.

За оваа прилика Марина одбра модна комбинација која повеќе открива отколку што покрива.

Ментор на Марина и беше Вики Миљковиќ која беше единствена која даде глас во првиот круг.

Вики не беше задоволна од нејзината интерпретација.

„Јас како ментор морам да ги бранам моите кандидати. Но, сега морам да ја кажам вистината. Таа се појави еднаш на проба кога одредивме што ќе да пее. Никогаш повеќе не се појави на проба “ вели Вики Миљковиќ.

Миљковиќ истакна дека со Марина ги промениле песните пет минути пред настапот, а Саша Поповиќ истакна дека така не се работи со кандидатите.

Жирито застана на одбрана на Тошиќ истакнувајќи дека таа не е виновна и дека Вики требало да доведе од Бугарија.

И Марина ја кажа својата страна на вистината.

„Јас бев еднаш и одлучивме да пееме една песна која не ми се допаѓа. И реално не можам. За втората песна сите се сложивме, но кога јас вежбав дома и во студио, тоа не беше добро“ вели Тошиќ.

Марина не освои ниту еден глас и ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а дали ќе се пријави следната година останува да видиме.

https://www.youtube.com/watch?v=8hoq0o2NkxU

To top