Еден од најпопуларните парови, Ким Кардашијан и Кање Вест често знаат да одат на романтична вечера.
Така беше и овој пат кога посетиле еден ресторан во Калифорнија. Ким била облечена во црвена креација, а Кање се одлучил за поопуштено издание.
Меѓутоа, нешто друго било во центарот на вниманието,а тоа е автомобилот со кој пристигнале до ресторанот.
Станува збор за Ламбурџини Урус Суб кој чини околу 200 000 евра. Со автомобилот управувал Кање.
За потсетување, Ким и Кање го очекуваат четвртото дете од сурогат мајка.