Веднаш по операцијата српските медиуми го побарале на телефон хирургот кој ја извршил тешката операција за враќање на откинатата рака.
Д-р Марко Бумбаширевиќ, најпознатиот микрохирург опишува како поминала операцијата на водителката Деа Ѓурѓевиќ, на која автобус вчера изутрина и ја откина раката во сообраќајна несреќа. Докторот звучел среќно и задоволно што оваа тешка операција успеал да мине успешно.
„Јас сум мртов уморен, крвав, испотен, а дури и немаше време да се пресоблечам. Одлична ја споивме откинатата рака. Се разбира, се’ уште ќе треба да се следи, но очекуваме да биде во можност сосема нормално да ја користи“ – изјавил хирургот за српски Курир веднаш по операцијата.
„Се работеше за сосема откината рака од лактот кон рамото… Покрај тоа што беше откината, раката беше и изгорена. Сепак, успеавме да ја спасиме, да и ја сочуваме и зашиеме и тоа многу успешено“ – додал докторот.
Кога го прашале колку многу такви операции извршил до сега, основачот на микрохирургија во Србија, д-р Бумбаширевиќ само се насмеал:
“Оооо, не можам ни да се сетам, ги има толку многу. Веројатно сум ги направил доволно, штом ме избраа за претседател на Европската асоцијација за микрохирургија“ – одговорил тој со насмевка.
Операцијата, заедно со проф. Бумбаширевиќ ја извеле и првиот помошник Чедомир Вучетиќ, асистентот Палибрик, д-р Александра Петровиќ и д-р Шарац од ВМА.
Фото: Курир/Инстаграм принтскрин