Антониа Гиговска сите ја паметиме по учеството на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што имаше одличен успех и се претстави во одлично светло.
Исто така учествуваше и во мјузикалот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“.
https://www.youtube.com/watch?v=whUGplzuEwQ
Претходната година беше во знак на неа, освои неколку награди на неколку музички фестивали, а победи и на „Макфест“.
И оваа година започна во нејзин знак, па така таа е придржен вокал на Јелена Розга во нејзината нова песна „Мојата пролет“ (Moje proljece).
Оваа година Антониа ќе биде матурантка односно ќе заврши средно образование. Деновиве таа се фотографираше за матурско табло и на социјалните мрежи покажа како ќе изгледа.
Нејзините следбеници и порачаа дека изгледа прекрасно. Дали Антониа ќе се запиша на факултет поврзан со музиката или нешто сосема различно, останува да видиме.
За потсетување, Гиговска учествува и во новата сезона на „Пинкови ѕвездички ал стар“.
Во најновата емисија на ова шоу, таа повторно ќе го воодушеви жирито, па дури сите ќе бидат на работ да пуштат солза.
Погледнете ја најавата за следната емисија во видеото подолу.
https://www.youtube.com/watch?v=8ChpHlLwVWg