Радио Милева

Mеган Маркл пратила писмо на нејзиниот татко: „Те молам да престанеш да ме жртвуваш преку медиумите“

Mеган Маркл пратила писмо на нејзиниот татко: „Те молам да престанеш да ме жртвуваш преку медиумите“

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл одлучила да му прати писмо на нејзиниот татко Томас Маркл за да престане да ја малтретира преку медиумите.

Веднаш по свадбата со Хари, Меган била многу возбудена и му пратила писмо во кое директно му се обратила, тврдат блиски пријатели на војвотката.

„Имам еден татко, те молам да престанеш да ме жртвуваш во медиумите“ напишала Маркл на нејзиниот татко кој побарал да и испрати фотографија.

Томас Маркл последното интервју поврзано со Меган Маркл го даде во декември претходната година.

Наводно добил два срцеви удари кои го спречиле да биде на венчавката.

„Десет пати се обидев да дојдам во контакт со ќерка ми, но немаше одговор од неа и Хари.Сите веруваат во негативните приказни за мене. Затоа ќе се обидам да дојдам до нив да им докажам дека тоа е лага“ изјави Томас.

Во меѓувреме, Меган ужива во својата бремност и треба да се породи во април оваа година.

To top