Се уште не е закажан точниот датум за свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ, а парот истакна дека на вечна љубов ќе се заколнат до крајот на годината.
Во последното интервју, Анастасија Ражнатовиќ откри неколку интересни детали за свадбата.
„Се уште не добив некоја конкретна задача, ниту обврска кога е во прашање нивната свадба. Вељко сигурно ќе ми даде некој улога, а јас ќе се потрудам да ја исполнам“ вели Анастасија за „Информер“ и додава дека и таа ќе пее на свадбата на нејзинот брат.
„Има многу убави песни кои ги сакам. Одлучив да направам список да не ми се случи да ги заборавам на свадбата“ вели пејачката.
Кои се следните детали кои парот ќе ги открие за нивниот важен ден останува да видиме.