Радио Милева

Марија Шерифовиќ ги коментираше настапите на колегите на MAC, а она што го кажа нема да им се допадне

Марија Шерифовиќ ги коментираше настапите на колегите на MAC, а она што го кажа нема да им се допадне

Марија Шерифовиќ неодамна воодушеви со  перформансот на регионите музички награди MAC, а за нејзиното пеење на големата сцена, многумина на социјалните медиуми се пошегува дека “уште еднаш ја освои Евровизија”.

– MAC го  отворв со песната “11” со голем симфониски оркестар зад мене. Сè се покажа одлично и тоа сум јас. Ваквите настапи се најпогодни за мојот сензибилитет – вели Марија за српски “Информатор”, акцентирајќи на фактот дека голем број од нејзините колеги за овој настан пееја  плејбек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on


– Според моето мислење, настан како MAC заслужува пејачите да ги изведуваат своите песни во живо. Верувам дека секој од нас требше да пее во живо, но Боже мој, секој избира како  ќе настапи – го изнесе своето мислење Шерифовиќ, за потоа да ги прокоментира перформансите на своите колешки Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац , кои акцентот го ставија на сценскиот спектакл.

– Не можев да го следам шоуто од Арената, бидејќи целото шоу е всушност телевизиски формат, па во живо не изгледа многу убаво. Забележав дека и Наташа и Јелена имале многу тешки настапи и дека сè поминало добро, што е најважно – заклучи пејачката.

To top