По сето она што се случи на Јелена Карлеуша, таа одлучи да помине поголем дел од своето време со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и децата, но не ни помислуваше дека ќе дојде до ова.
Имено, пејачката со своите ќерки, Ника и Атина, замина во Дубаи еден ден по Душко, а оттогаш тие се постојано заедно, па семејството на социјалните мрежи објавува идилични фотографии и видеоснимки.
Но по се изгледа она познатото, дека кармата е кучка, се покажа и овој пат како точно, зашто во Дубаи пред неколку часа пристигнал и Бојан Кариќ со своето семејство и така случајно или не, се случува и бившиот и сегашниот сопруг на Карлеуша да бидат на исто место во исто време.
Колку за потсетување, Јелена Карлеуша во септември 2004 година се омажи за Бојан Кариќ, но само по три месеци нивниот брак заврши, заради, како што пишуваа тогаш медиумите, прељуба на пејачката, која беше наводно фатена како се секса со еден од телохранителите на бизнисменот во нивниот џип марка „Хамер“, паркиран во дворот .