Јелена Карлеша работи под полна пареа изминатите неколку дена и настапи во светските метрополи. Порно аферата со фудбалерот Огњан Врањеш и ја зголеми цената.
По настапот во петокот во Виена, пејачката следната вечер пееше во Амстердам. Српските медиуми шпекулираат дека за секој настап добила по 20.000 евра, а претходно цената била околу 12.000 евра.
Jелена ја забавуваше публиката во клуб во Амстердам до раните утрински часови. Таа беше во елемент, гламурозна и во тесен впечатлив комбинезон. Публиката на крајот и даде црвени ружи и големо мече.
По враќањето од Амстердам, Карлеша беше фотографирана од фото-новинарите на белградскиот аеродром, релаксирано облечена во тренерки, без шминка, носејќи го големото мече во рацете, а потоа замина за утрински лет до Дубаи. Пејачката брзаше кај сопругот Душко Тошиќ, кој неколку дена е во овој арапски град, а со нив се и нивните ќерки.