Боксерот и наследник на фолк ѕвезда Светлана – Цеца Ражњатовиќ, Вељко Ражнатовиќ вели дека би сакал, како и многу мажи, неговата свршеница да му роди машки деца, а женското би било благослов.
Веста дека синот на Цеца Ражњатовиќ се жени, тој ја подврди набрзо, како и тоа дека венчавката ќе се случи оваа година, но се уште не е одреден датумот.
– Ќе се оженам оваа година, но не го знам точниот датум. Ќе почека малку, чекаме да се затопли, вели Вељко, и додава:
– Сега уживаме заедно, многу сме задоволни. Таа е верна, таа ми е жена, па не е важно кога ќе биде свадбата. Ние не прецизираме ништо, кога ќе се случи, ќе се случи. Ние мора да бидеме малку мистериозни, но секогаш сум тука.
Тој открива дека во нивниот дом правилото дека снаа и свекрва не се согласуваат не важи, напротив Цеца и Богдана се како пријателки.
– Да чукнам во дрво, тие навистина се согласуваат, открива тој.
Иако има 23 години, Вељко смета дека не е млад за брак, како и за улогата на татко.
– Богдан и јас размислуваме за деца. Би сакал секое дете што ќе го добиеме да биде машко, но тоа не функционира така. Шегата настрана, секој маж сака да има машко дете, но и женското е благослов. Прво имам сестра и го знам значењето на женско дете во семејството, рече наследникот на Цеца.
foto: ANTONIO AHEL/ATA IMAGES…