Третата сезона од турската хит драма „Парампарче“, а уште на почетокот, новата епизода започна со многу возбуда и нови ликови.
Едена од нив е сестрата на Дилара,Асуман , која се појави на прославата на сестра си и тоа за првпат во серијата.
Имено, улогата на Асуман ја игра актерката Мине Тугај (39) која по завршувањето на студиите по драма, ја почнува својата кариера во 1998 година.
Оттогаш, па се до денес, Мине има одиграно околу 30-тина улоги во ТВ серии, играни филмови, но тука се и театарските улоги, реклами и фотосесии. Мине е една од најбараните актерки во Турција, па не случајно е избрана да игра важна улога во оваа високобуџетна серија која го достигна врвот на својата популарност во Европа и Азија.
Инаку, Мине во припадноста е сосема нормална и скромна дама која е доста активна на социјалните мрежи, а од приложеното на нејзиниот профил може да се забележи дека таа не преферира многу шминка, туку го нагласува природното.
Како ќе се покаже во следните епизоди на „Парампарче“, останува да следиме…