Радио Милева

Се бори како самохрана мајка, во животот ништо не и одело лесно, а сега оваа Македонка реши да промени сè преку „Никогаш не е доцна“

Се бори како самохрана мајка, во животот ништо не и одело лесно, а сега оваа Македонка реши да промени сè преку „Никогаш не е доцна“

Вчерашната емисија од вториот круг на „Никогаш не е доцна“ ја отвори Милена Јовановска од Прилеп. Оваа натпреварувачка прво се претстави со песната „Додири од стакла“ од Нина Бадриќ, со која успаеа да ја разнежни публиката и да го воодушеви жирито.

-Се гледа дека секој стих од песната ти е преживеан, тоа се чувствува во твоето пеење – коментираше Весна Дедиќ, а слично мислење имаше и Ацо Пејовиќ.

-Пееше песна од жена која многу ја почитувам. Секоја Чест, многу убаво ја изведе. Се почувствува емоција во твоето пеење, кажа Ацо, а со него се согласи и претседателот Саша Милошевиќ Маре.

Во ревијалниот дел Милена заедно со својата мајка Горица ја изведе народната песна „Море сокол пие“, а нивниот настап беше исклучително емотивен.

Foto: D.Milošević

Имено, пред да запеат, Горица кажа дека е голема поддршка на ќерка си како во животот, така и во натпреварот, на што Милена одговори дека благодарение на мајка и денес е таква каква што е и порача дека многу ја сака. А кога ги соединија гласовите, беше јасно за кава поддрша и љубов се работи. Публиката во студиото и жирито ги поддржаа со аплауз и им честитаа на мајката и ќерката за одличниот настап.

Инаку, Милена е самохрана мајка која има 11 годишен син. Во едно интервју откри дека таткото не сакал да го призне, но сега вели дека не ни мора. Иако има диплома на просветен работник, Милена иако аплицирала на многу работни места, досега институциите биле неми за тоа што сама одгледува дете и нема работа. Јовановска потенцира дека шоуто на позиртивно и го променило животот, па дури и ако не победи, таа ќе има само убави искуства и спомени.

извор:grand.online

To top